Американската тенисерка Серена Вилијамс и се заблагодари на публиката за поддршка по поразот во финалето на Ју-Ес опен од страна на 16 години помладата Јапонка Наоми Осака.
Вилијамс имаше шанса да дојде до 24-тата гренд слем титула, но нервозно играше во текот на целиот натпревар, загуби и контрола над емоциите, потоа го искрши рекетот и во два наврати се расправаше со судијата.
Американската тенисерка поради ваквото однесување беше казнета, а тоа предизвика незадоволство кај домашната публика.
– Тешко ми е, но сега не сакам да бидам строга кон себеси…За Осака ова е прва гренд слем титула. Знам дека и публиката се чувствува исто како и јас, но да пробаме да бидеме позитивни и да не протестираме, истакна 36-годишната американска тенисерка при доделувањето на пехарите.
Серена Вилијамс досега има освоено шест титули на Ју-Ес опен















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















