Камиловски: Со милионскиот тендер во здравството СДСМ сака да им се оддолжи на мега-донаторите

789

Најновиот тендер во здравството тежок 35 милиони евра што треба да го добие новоформирана компанија, која е единствен учесник во постапката, е еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот на граѓаните, обвини Виктор Камиловски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара прекин на постапката.

-Какви референци има компанија регистрирана само пред неколку месеци или колку искуство има актуелната компанијата? Никаде во светот не може компанија формирана пред неколку месеци со капитал од само 5.000 евра да добие тендер вреден 100.000 евра, а да не зборуваме фантастични 35 милиони евра, посебно во секторот здравство каде битка водат огромни фармацевски компании – рече Камиловски.

Тој додаде дека дел од фирмите кои се занимаваат со бизнисот со реагенси се изненадени што на тендерот се појавува нова фирма која досега не работела со оваа проблематика ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени во тендерот.

-Со ова, според истражувањето на многу фирми кои се занимаваат со овој вид на дејност со набавка на реагенси велат дека самата спецификација уште на почетокот отворила сомнежи посебно што во условите се наведени карактеристики само внимавајте на еден производител, компанијата АБОТ. Што значи уште на стартот биле технички исклучени другите фирми кои биле заинтересирани за овој тендер – смета Камиловски.