Како да знаеме дека ни недостига витамин Д, кој е пресуден во борбата со Ковид?

545

Сè повеќе се знае за значењето на витаминот Д, а голем број научници и доктори тврдат дека може да биде еден од начините да го зајакнме имунитетот во борбата против ковид-19.

Многу често се советува овој витамин секојденвно да се употребува, па наместо препорачаните 400-800 единици на ден, се советува да се земаат од 1000 до 2000 единици.

Витаминот Д најбрзо го добиваме преку директно изложување на сончева светлина, а го има и во одредена храна, како што е масната риба или некои млечни производи, ама е многу тешко да се добие во доволна количина преку намирници.

Некои луѓе имаат помалку Д витамин, особено повозрасните, оние со прекумерна тежина, оние чија исхрана е сиромашна со риба и млечни производи, оние што живеат во подрачје каде што има малку сонце, оние што не излегуваат често од дома, или, пак редовно користат заштитен фактор.

Повеќето луѓе не знаат дека имаат недостаток од овој витамин затоа што симптомите се многу суптилни и не можат лесно да се препознаат. Ова се неколку показатели дека на вашето тело му недостига витамин Д.

Често се разболувате

Една од најважните улоги на витаинот Д е одржување на имуниот систем со чија помош полесно се бориме против вирусите и бактериите. Ако често се разболувате, една од причините може да биде ниското ниво на витаминот Д.

Уморни сте и исцрпени

Чувството на умор може да биде од различни причини, меѓутоа недостатокот од витамин Д е една од нив. Ова е посебно чест случај кај младите жени.

Болки во коските и во грбот

Витаминот Д помага во одржувањето здрави коски, и најмногу помага во апсорпцијата на калциум во нашето тело. Ниското ниво на витамин Д може да предизвика болки во коските и во долниот дел од грбот.

Депресија

Лошото и депресивно расположение може да биде знак за недостаток од витамин Д. Во бројни студии истражувачите го поврзале недостатокот на овој витамин со депресијата, посебно во зимските месеци, кога има недостаток од сонце.

Споро зараснување на раните

Ако после операција или некоја повреда забележите дека раната споро ви зараснува, сосема е можно да имате ниско ниво на витамин Д. Одредени студии покажуваат дека овој витамин го зголемува производството на соединенијата што се пресудни за формирање нова кожа во процесот на зараснување на раната.

Осеопороза

Витаминот Д игра пресудна улога во апсорпцијата на калциум. Многу луѓе на кои им е дијагностицирана остеопороза добиваат совет да земаат повеќе калциум, ама во комбинација со витамин Д.

Паѓање на косата

Паѓањето на косата често се препишува како резултат на стрес. Сепак, кога тоа е поинтензивно од вообичаено, тоа може да биде резултат на некои болести или недостаток на хранливи материи. Во некои студии е заклучено дека губењето на косата е поврзана со ниското ниво на витаминот Д.

Болки во мускулите

Тешко е прецизно да се одреди што ги предизвикува болките во мускулите, меѓутоа постојат докази дека ниското ниво на витаминот Д може да биде потенцијален предизвикувач. Во една студија утврдено е дека 71 отсто од луѓето со хронични болки имаат дефицит од овој витамин.