Кабинет од пеколот: Џонсон поставил министри кои сакаат воведување на смртна казна, а феминистките ги нарекуваат одвратни фанатици, опозицијата бесна

56

Борис Џонсон само што стапил на местото британски премиер, веќе е на мета на критики на опозицијата поради составот на новиот кабинет.

Имено, опозиционерите го нарекуваат “кабинет од пеколот” бидејќи во новиот состав има луѓе кои ја поддржуваат смртната казна, феминистките ги нарекуваат “одвратни фанатици” и се противат на истополни бракови.

Наводно, Џонсон ја шокирал јавноста со доведувањето на Доминик Камингс, контроверзниот менаџер на кампањата за Брегзит, на позицијата министер за надворешни работи.

Освен тоа, новата министерка за внатрешни работи, Прити Пател, неколку пати заговарала смртна казна.

“Кога имаме систем во кои убијци и силувачи ги повторуваат своите кривични дела, од почеток и од почеток, тоа е навистина ужасно. Затоа сметам дека би поддржала повторно воведување на смртна казна”, рекла таа во 2011-та.

Исто така, во 2017-та била отпуштена од тогашното работно место кога било откриено дека имала тајни состаноци со израелски политичари.

Пател е една од тројцата нови министри која во текот на својата кариера била отпуштена од Кабинет или принудена да даде оставка.

Новиот министер за образование Гевин Вилијамсон на почетокот на оваа година бил избркан од работа поради наводи дека на новинар му издавал информации од состанок на Советот за национална безбедност.

Критичарите посебно бесни за Доминик Раб, поради контроверзните ставови за жените.

Шкотската национална партија соопштила дека новата влада на Џонсон би можела да биде најлоша, уште од времето кога со државата владеела Маргарет Тачер.

loading...