Автобусот со број 28 на ЈСП од понеделник ќе сообраќа по изменета траса од досегашната, поради затворање на комплексот „Македонско село“.
-Се менува почетната станица, место од Транспортен центар, автобусот ќе тргнува од почетната станица на линија 4А (улица„Лондонска“). Крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези („Македонско село“). На линијата ќе сообраќа и минибус, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Потсетуваме и дека од денеска, петок (19.10.2018 година), се укинуваат сезонските линии 58 (Транспортен центар-Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар-Дивле, Катлановско блаце, Кожле), информираат од ЈСП- Скопје.
Посочените линии се сезонски и нивното функционирање е утврдено со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје.















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)
























