Парламентот пред Нова Година го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена.
За жал во ваков сплет на околности се пронајде и Охриѓанецот Марјан Колозов кој заедно со неговата сопруга Марјана и неговото болно 8 годишно девојче кое боледува од церебрална паралзиа и има епилепсични напади, раскажува Марјан за Шило Магазин. На 15-01 2021 во 08:00 часот го зедов моето болно детенце со кое требаше да одиме на лекар па потоа да го регистрирам моето ПМВ марка Пежо 306 кое за жал беше истечена регистрацијата поради што беше подолг период на механичар и поради недостаток на финансии се одлучив да го регистрирам баш истото утро. Кога ме застанаа полициските службеници им ја објаснав оваа ситуација како што ви ја раскажувам и вас но за жал не сакаа да ме сослушаат и ми го одзедеоа возилото и ме оставија со моето болно дете на улица, каква е оваа правда нека ми пишеа казна ќе ја платев со тоа возило го носам моето дете на лекар а сега немам ни со што да го одведам, раскажува Марјан со солзи во очите…
Неговиот апел е да му се врати што поскоро возилото за да може нормално да функционира а пари за друго возило за жал немам вели Марјан.