Јавен повик за избор на членови на Иницијативен одбор за конституирање Собрание на млади на Град Скопје

168

Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Слободен печат и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за избор на членови за формирање Иницијативен одбор, кои ќе бидат дел од иницијативата за создавање Локален младински совет на Град Скопје. Иницијативниот одбор ќе биде составен од 3 члена.

Младите лица коишто сакаат да се вклучат во Иницијативниот одбор треба да ги исполнуваат следниве услови:
– Да бидат жители на град Скопје;
– Да бидат на возраст од 15 до 29 години;
– Да бидат креативни и способни за индивидуална и тимска работа.

Критериуми за организации кои сакаат да номинираат свој претставник:
– Да се младински здруженија;
– Организации за млади;
– Подмладоци на политички партии;
– Средношколски или студентски заедници;
– Спортски друштва;
– Културно – уметнички друштва;
– Други форми на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;
– Да се регистрирани и/или да делуваат на подрачјето на град Скопје;
– Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.

Иницијативниот одбор ги има следниве задачи:
– Го распишува Јавниот повик за конститутивно Локално собрание на млади на Град Скопје во согласност со Статутот на Град Скопје;
– Соработува со Град Скопје во организирање, креирање и конституирање на Локалното собрание на млади на Град Скопје;
– Иницијативниот одбор се формира заради конституирање на Локалното собрание на млади, а се распушта по одржување на првата конститутивна седница на Локалното собрание на млади.

Барателите кои аплицираат како индивидуални лица треба да ги достават следните документи:
– Мотивационо писмо;
– Кратка биографија – CV;
– Потврда дека се ученици/студенти или потврда за завршено образование;
– Уверенија, сертификати, дипломи за завршени курсеви, обуки, семинари и натпревари;
– Писмени предлози, препораки, изјави од предлагачите (доколку ги има).

Правните субјекти кои аплицираат со свои кандидати, треба да ги достават следните документи:
– Портфолио на субјектот;
– Годишна Програма за работа на субјектот;
– Извештај за активностите со млади во изминатата година на субјектот;
– Тековна состојба за регистрирана дејност на субјектот, не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
– Писмо со номинација за член во Иницијативниот одбор, и контакт информации;
– Кратко мотивационо писмо и кратка биографија – CV од кандидатот за член, жител на Скопје на возраст од 15 до 29 години.

Јавниот повик трае 10 календарски дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk

Јавниот повик е објавен денеска, 02.03.2022 година и ќе трае до 11.03.2022 година.

Барателите кои ги исполнуваат условите на повикот, потребната документација треба да ја достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 11.03.2022 година до 15:00 часот, со назнака: за „Јавен Повик за избор на членови на Иницијативен одбор за конституирање Собрание на млади на Град Скопје“.

Апликациите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на лицето или субјектот кој ја поднесува документацијата.

Апликациите кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат предмет на разгледување.

Дополнителни информации може да се добијат на телефоните: 3297-238 и 3297-320.