Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.
Исто така, Врховниот суд ги потврди и пресудите за експремиерот Никола Груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.
Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак, Апелациониот суд ѝ ја намали казната на четири години.
На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај е осуден на две години затворска казна, а помошникот во министерството за внатрешни работи Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор во скопска Апелација.
Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












