Чистка во врвот на српската полицијата

0
122

Српските медиуми денеска информираат дека во врвот на српската полиција направена е чистка на повеќе високи функционери и службеници.

Полковникот Горан Драговиќ разрешен е од позицијата командант на српската жандармеријата. Исто така, разрешени се и началникот на полициската управа на градот Белград Веселин Милиќ, како и началникот на комуналната полиција во Белград Никола Ристиќ, на чие место е поставен Иван Дивац од редовите на српското МВР.

Како што информираат медиумите Горан Драговиќ кариерата ќе ја продилжи во српската дипломатија.

Сменетиот началник на полициската управа на градот Белград Веселин Милиќ во март годинава зборуваше за медиумите за безбедносната ситуација во Белград, која, според извештаите од црните хроники и секојдневните настани на улиците на главниот град, е далеку од идилична.

Смените во врвот на полицијата потврдени се од српското МВР, но не се наведуваат причините за нивната смена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here