Јана Стојановска за Бекстејџ: „Во карантин сум сама со син ми. Татко му е во Србија, го нема видено 3 месеци“

777

Актерката Јана Стојановска во септември минатата година го роди своето прво дете, но досега успешно го криеше од очите на јавноста.

Но, деновиве Стојановска беше дел од естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде за првпат и официјалнo го покажа својот син Ненад, кој инаку името го добил по нејзиниот покоен татко, актерот Ненад Стојановски.

Јана откри дека мајчинството ја променило во целост. Она што исто така е впечатливо од ова интервју е делот кога вели дека во моментов е во карантин сама со синот. Сопругот го нема видено три месеци бидејќи е во соседна Србија. Враќајќи се од Романија го задржале во карантин, потоа бил во самоизолација, па актерката се надева дека што поскоро сите ќе бидат повторно знаедно.