Јана Стојановска е во топ форма по породувањето,а на гости кај Елена Стефановска се пофали дека ја врати линијата (видео)

646

Шармантната и талентирана македонска актерка Јана Стојановска во септември минатата 2019 година се породи во седмиот месец од бременоста и со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ станаа родители на нивниот син Ненад.

Оттогаш помина речиси една година – Ненад е потпораснато бебенце, а мама Јана се врати во топ форма како пред бременоста и породувањето.

Дека ја повратила посакуваната линија покажа и со тоа што облече модел на фустан кој го нагласува струкот, а во такво издание за појави на емисија кај водителката Елена Стефановска.

View this post on Instagram

@bellamkd 🥰🦋😍

A post shared by Jana Stojanovska (@jana__100janovska_cherenko) on

Откако ја има најубавата улога во животот на една жена, Јана е од оние познати што не крие детали за својот наследниок и мајчинсвото.

Таа зборуваше пред камери дека со сопругот не се виделе подолго време поради коронавирусот, бидејќи тој не е во Македонија, а отворено зборуваше и за предвременото породување.

Јана тогаш беше во Романија, а подоцна сподели со јавноста низ што поминала.

„Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Сѐ уште не бев сигурна дали сакам да се породам во Романија или да се вратам во Скопје. Прсна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков: „Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот. Морав да останам во болницата додека не ми се качат леукоцитите, не можевме да знаеме дали тоа ќе трае еден ден или еден месец“, изјави тогаш Јана за „Женски магазин“.