Ја покосил поранешната сопруга насред улица, летала неколку метри во воздух: Погледнете ја морничавата снимка од ударот

319

Морничав момент е снимен во рускиот град Сорочинск, недалеку од границата со Казахстан, каде еден полуден татко, тешко ја ранил поранешната сопруга, додека се бори за старателство врз ќерката.

Мајката на таткото му забранила да ја гледа, а тој не можел да го поднесе тоа. На снимката се гледа како жената стои насред улица и разговара на мобилен телефон. Неколку секунди подоцна, со голема брзина кон неа се движи автомобил, но не застанува иако ја гледа. Се забил директно во неа, а жената од силината на ударот лета неколку метри во воздух.

Инцидентот се случил во понеделникот, на 18-ти март, околу 14 часот, а жената после него со тешки повреди завршила во болница.

„Сè е во ред, жива сум. Скршена ми е ногата, се тресам, сите органи ми се потечени, и многу повеќе од тоа“, објавила мајката Анастасија.

Возачот откако со автомобил ја удрил поранешната сопруга, отишол во полиција и признал што направил.

loading...