Израелската армија влезе во Либан: Војници ја преминаа границата, авиони го надлетуваат регионот

394

ваесетина војници на израелската армија влегле во јужен Либан во текот на вчерашниот ден откако претходно ја поминале граничната ограда на Голанската висорамнина која што е под окупација на Израел.

Според државната Национална новнска агенција (ННА) од Либан, околу 25 војници на израелската армија ја преминале техничката ограда во граничниот град Вазани и се распоредиле на источниот брег на реката Хасбани.

Дописник од терен известува дека израелските војници патролирале низ спорното подрачје речиси еден час, по што се вратиле на Голанската висорамнина, додека на таквиот потег, воопшто не реагирале либанските војници.

За време на мисијата на израелската армија и упадот на либанска територија, забележани биле бројни израелски авиони кои што непрекинато го надлетувале подрачјето.

Наводно во операцијата биле вклучени шпионски авиони кои што го скенирале регионот, додека копнените сили исто така минувале низ граничниот регион.