Избегнувајте да јадете домати доколку припаѓате на оваа категорија луѓе: Ова се лошите, непосакувани дејства

611

Доматите се омилен зеленчук за многумина во текот на летните денови. Сочни, освежувачки, преполни со ликопен – речиси сите ги сакаат, но воедно се и многу здрави.

Но, доматот исто така може да има и некои лоши, непосакувани дејства.

1. Желудочен рефлукс

Доматот спаѓа во многу кисели намирници и затоа може да предизвика непосакувани дејства кај луѓето кои што патат од гастритис или гастроезофагеален рефлукс. Дури и доколку сте здрави и не патите од тие стомачни проблеми, доколку јадете многу домати или пак сос од домати и вие може да искусите некои од овие непријатни симптоми.

2. Болка во зглобовите

Верувале или не, премногу домати во исхраната може да предизвикаат болка во зглобовите. Причината е алкалоид по името на сиканинот, кој што гради калциум во ткивата, а во доматот има многу од тоа нешто. Премногу калциум во ткивото може да предизвика воспаление, болка и оток во пределот на зглобовите.

3. Проблеми со бубрезите

И ова има врска со складирањето на калциумот. Доматот исто така е богат со оксалат, супстанција која што тешко се метаболира доколку се консумира во големи количини и тоа може да резултира со создавање на камен во бубрегот.

Црвениот сочен плод содржи и многу калиум, што исто така може да влијае во функционирањето на бубрегот. Доколку имате некои проблеми со бубрезите, бидете внимателни.

4. Алергиски реакции

Доматот содржи соединение хистамин, кое што му помага на имуниот систем да се бори против вируси и бактерии. Не би верувале колку алергиски реакции се предизвикани од хистамин, а вообичаено се појавува во облик на оток на јазикот, проследен со некои непријатни симптоми.

5. Синдром на „нервозни црева“

Доколку патите од синдром на нервозни црева, доматот може да биде причината за симптоми како дијареа, грчеви, надуеност, гасови… Во ваков случај подобро е да се држите подалеку од киселите намирници како што е доматот.