Истражување: Честата употреба на парацетамол или ибупрофен може да доведе до губење на слухот

23

Парацетамол или ибупрофен се лекови кои често ги пиеме против главоболки, блага треска, разни тегоби… но, мора да обрнете внимание на нивната доза и зачестеност, а еве и зошто.

Жените кои 2 пати неделно пијат парацетамол или ибупрофен ризикуваат трајна загуба на слухот, покажува истражувањето на болницата „Brigham and Women’s“ во САД. Лекарите сметаат дека оваа појава најверојатно предизвикува намален доток на крвта во внатрешното уво и негово оштетување како резултат на изложеност на бучава.

Дури една од 20 жени може да ги обвини овие лекови против болки за своето губење на слух, пишува „Daily Mail“.

Резултатите на студијата се поклопуваат со уште едно, слично истражување во кое учествувале мажи. Речиси една од 12 жени во САД зема парацетамол барем 2 пати неделно, што во период од 6 години го зголемува ризикот од губење на слухот за 9 отсто.

Во истражувањето објавено во „Journal of Epidemiology“ учествувале 55.850 жени помеѓу 44 и 69 години. Резултатите велат дека парацетамолот и сличните лекови можат да го намалат дотокот на крв до внатрешното уво.

Меѓутоа, редовните дози на ибупрофен, покажува истражувањето, можат да го намалат ризикот од појава на рак на бели дробови кај пушачите. Истражувачите од државниот универзитет во Охајо тврдат дека редовното земање на мали дози ибупрофен може да ги смири воспалителните процеси кои доведуваат до карцином на бели дробови.