Весна Петрушевска – Бејби: „На Мина цел живот ќе и треба за да се опорави од нападот!“

0
234
Весна Бејби Петрушевска, во интервју за најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“  си ја отвори душата. Откри дека ставила крај на љубовната романса и повторно е соло, зборуваше за тешкотиите со кој се соочува една самохрана мајка, но и за педофилијата…
Иако за овие две ипол децении колку што се занимава со глума повеќепати до сега донела погрешни одлуки, вели дека доколку би имала можност да го врати времето не би променила ништо, затоа што токму тие лоши избори ја направиле да биде она што е денес.
Имав јас некои обиди во животот како тоа да го средам, но мислам дека се уште не се родил тој вистинскиот. Убаво е кога ти се случува некоја емоција која сакаш да ја живееш, но ќе почекам да дојде вистинскиот, ако воопшто некогаш дојде.”
Во бракот како институција повеќе не верува, а признава и дека е поприлично тешко во денешно време да се биде самохрана мајка.
Со солзи во очите се постети и на еден немил настан од пред две години, кога нејзината ќерка Мина беше сексуално нападната од возрасен маж .
Успеав во оваа држава да кажам и докажам дека жртвата никогаш не е виновникот. Мина е супер, таа е среќно дете! 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here