Видео – НБА: Финале на Истокот, Мајами повторно подобар од Бостон

33
Кошаркарите на Мајами предводени од одличниот Горан Драгиќ се вратија од негатива од минус 17 кошеви и по втор пат во финалето на Истокот во НБА го победија фаворизираниот Бостон.

Мајами со 106-101 го победи Бостон за водство во големото финале на Источната конференција од 2-0.

Во Орландо повторно словенечкиот бек Горан Драгиќ одигра уште еден маестрален меч . Искусниоит плеј со 25 поени и 5 асистенции беше најзаслужен за вториот триумф на „Жешките“ над Селтикси.

Кошаркарите на Бостон подобро го отворија дуелот и на полувреме заминаа со убедлива предност од 13 поени (60-47).

Но стартот на второто полувреме мина во знакот на кошаркарите на Мајами кој ја добија третата делница со плус 20 кошеви и го најавија резулатскиот пресврт.

Покрај одличниот Драгиќ кај Мајами солиден меч одигра и Бем Адебајо со 21 поен.

Во редовите на поразениот Бостон Кемба Вокер заврши со 23,а Џејсон Тејтум и Џејлен Браун уфрлија по 21 кош.