Горивата уште еднаш поевтинуваат

205

Регулаторната комисија за енергетика уште еднаш, четврти пат по ред, изврши намалување на цените на горивата во Македонија, овој пат во просек за 2,41%. Така, од полноќ малопродажните цени на бензинот 95 и дизелот се намалуваат за половина, а цената на бензинот 98 за еден денар. Со тоа, литар еуросупер БС-95 чини 65,50 денари, еуросупер БС-98 67,50 а еуродизел Д-Е V 57,50 денари.

До ова дојде заради вишокот понуда на берзите заради што референтната цена на бензинот се намали за 2,085%, а на дизелот за 3,034%. Истовремено и доларот падна за 0,122% заради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.