Иранците со нова закана: Американскиот носач на авиони е наша шанса – ќе го погодиме во главата!

495

Командантот на воздушните сили на иранската Револуционерна гарда, упати закана до американската армија која распоредува свои сили во Персискиот залив.

Иако досега американската воена присутност во Заливот порано била сериозна закана, сега според еден од командантите на иранската Револуционерна гарда, претставува шанса за иранските воени сили.

„Носачот на авиони кој на себе има најмалку од 40 до 50 авиони и 6 илјади војници беше закана во минатото, но сега таа закана се претвори во шанса. Ако Американците направат било каков потег, ќе ги погодиме во главата“, порача командантот на воздушните сили на иранската Револуционерна гарда.

Американците минатиот викенд на Блискиот исток го испратија носачот на авиони “USS Abraham Lincoln”, а од Пентагон порачаа дека наскоро ќе испратат уште еден носач на авиони и разурнувачи вооружени со ракетниот систем “Patriot”. Во американската воена база во Катар исто така се распоредени и неколку стратешки бомбардери од типот “B-52”.

Иранците ваквите потези на САД ги оценија како „психолошка војна“ и заплашување, а истакнат ирански верски лидер минатиот петок предупреди дека американската флота може да биде уништена „со само една ракета“.

Тензиите во односите помеѓу двете земји пораснаа откако Техеран минатата седмица објави дека ќе се повлече од клчните делови од нуклеарниот договор кој беше постигнат во 2015-та година, а чија цел беше спречување на Иран да развие нуклеарна бомба, договор кој САД го напуштија минатата година.