Интервју со Охриѓанецот Сашо Денесовски, човекот кој освоил 34 милиони евра во едно од охридските казина

230

Веб порталот Доказ.Мк направи ексклузивно интервју со добитникот на 34 милиони евр

ДоказМ го контактираше добитникот на над 34 милиони евра, тоа е наш колега новинар и сопственик на Новинска агенција Охридскај од Охрид Сашо Денесовски, на кого му поставивме неколку прашања:

Каков е филингот да бидеш добитник на толкав голем износ, зошто не ви е исплатена добивката и дали имате контакти – преговори со сопствениците на Спорт Лајф?

Денесовски: Преговори нема и нема ниту да има, добивката мора да биде исплатена во целост, а за тоа што све се случуваше во Спорт Лајф автомат клубот во Охрид, за тоа ќе треба малку повеќе да се позанимаваат органите на прогонот во РМ.

Филингот е ОК, исти онаков како пред 26 декември, сега останува да почекаме Јавното Обвинителство и надлежните судови да ги спроведат законските постапки.

ДоказМ:Имало немили сцени, што се случуваше и дали имате некои закани?

Денесовски: Она што се случуваше на ден 26 декември 2020 година, мислам доколку тоа се екранизира ќе биде филм за Оскар. Знаете кога играте и ставате пари во автомат, тогаш тоа е игра, можеш да потрошиш буквално и милиони, никој не те терал со сила дa играш, но кога ќе имаш добивка, тогаш дечките кои работат во клубот се јавуваат кај газдите, кој издаваат наредба на обезбедувањето присилно да те исфрлат од клубот, цитирам-Залепи му некој шамар и исфрли го надвор“, ама нешто таквата шема не им помина. Повикав полиција, која кога дојде во автомат клубот издаде наредба сите да останат на свои места, но газдата издава нова наредба до вработените, да ја изгаснат струјата во целиот комплекс на Спорт Лајф во комплескот „Летница“ во Охрид и дузина на други глупости, како на пример уништување на видео надзор, сокривање на автомат и слични глупости.

ДоказМ: Вие сте темперментна личност, како тоа издржавте на сите тие глупави нешта, дали се обидоа да ве исфрлат надвор, едноставно како вие реагиравте на сето тоа?

Денесовски: Буквално кога дојде обезбедувањето да ми каже дека треба да ме исфрлат надвор слатко се изнасмејав, дечкото од обезбедувањето јасно му кажа на сосптвеникот на Спорт Лајф дека такво нешто е невозможна мисија, зошто во ниту еден момент не сум нарушил јавен ред и мир во објектот, а за тоа дали физички може некој на сила да ме извади надвор, онака да ми залепи некоја заушка, е за тоа малку ќе попричекаат, поточно нема да го доживеат. Крајно глупаво е да праќаш други лица и да ги тераш да направат нешто невозможно од кое би се каеле цел живот, уште поглупаво е да ми праќаат стројници да ми пренеселе дека газдите ќе ме убиеле?!

Еве јас сум тука се движам низ цела држава, нека повелат.

ДоказМ:Говорите дека има закани за убиство врз Вас?

Денесовски: Многу нешта доваѓаат до мене,но искрен да бидам ама баш воопшто Стојко не ми чуе за таквите глупости, има една народна „Кој со оружје мафта, од него погинува“..

Нема достапен опис

ДоказМ: Се слушаат разни нешта во колуарите од смешни понуди, до ете обиди за некаква си леквидација, дали некој вас ве контактирал за било каква понуда, предлог и слично?

Денесовски: Последните денови се имам изнаслушано разни глупости не ме контактирал никој мене, ниту јас имам со некого преговарано или договарано, а ниту на крај памет ми паѓа такво нешто. Имам добар адвокатски тим кој ја тера правно и оставам на нив да си ја завршат работата. Повторно ќе изнесам да биде јасно преговори нема и нема ниту да има,единствено нешто е тоа парите од добивката да бидат исплатени согласно Закон за игри на среќа, а не да глумат лудило.

ДоказМ: До каде е правната битка, дали мислите дека ќе успеете?

Денесовски: Видете, кога знаете дека сте во право и сите факти се на ваша страна, едноставно не постои суд кој нема да донесе пресуда. Мојот адвокатски тим си ја тера добро правно работата и не сакам да изнесувам повеќе детали. Имаме кривична постапка која ја води надлежен обвинител и морам да кажам дека обвинителcтвото буквално се тера по закон, а имаме и граѓанска постапка, но за тоа не можам да говорам, оставете малку време и простор, ќе дознаете наскоро.

ДоказМ: Дали е точно она што се говори ,дека во Спорт Лајф апаратите не биле поврзани со УЈП што е законска обврска и дали имаме приредување на нелегални игри на среќа и перење на пари? Денесовски:Многу нешта се точни, но да оставиме Јавното Обвинителство да си ја истера работата до крај, а за тоа зошто УЈП не постапувала, таквото прашање поставете го на надлежните директори на упраавта за јавни приходи.