Илија Димовски: ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ ЕДНАКВОСТ НА ГРАЃАНИТЕ

523
Од почеток на оваа здравствена криза се залагам за почитување на правилата и препораките на здравствените власти…
Жалам што често препораките на Комисијата за заразни болести беа преправени, дополнувани и менувани од министрите (нестручни за оваа област) на седница на Влада…
Има и нелогични одлуки за кои имаме право да коментираме:
1. Карантин прогласуваме за луѓето слободно да заминат низ цела Македонија;
2. Кога се затвори Куманово заради Куманово, не се затвори Липково, ама кога се затвори Липково заради Липково, се затвори и Куманово заради Липково;
3. Се затвораат цркви, но се отвараат кладилници;
4. Се отвараат казина, но немаме никаков образовен систем;
и уште многу, многу други.
Но, две државни постапки од вчера и денес не прават апсолутно со право да кажеме:
ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ ЕДНАКВОСТ НА ГРАЃАНИТЕ…
Ако покренуваш постапка против верско лице од една религија заради повик, а не го правиш тоа спрема верско лице од друга религија заради закана, тогаш нема ЕДНАКВОСТ…
Ако покренуваш постапка против верник од една религија за непочитување на владини мерки (забрана за посета на гробишта) , а во насока на остварување на своето право на слободно изразување на вероисповеста, а не покренуваш постапка против верник од друга религија за непочитување на владини мерки (забрана за собир на повеќе од три лица и пропишан полициски час), а во насока на очигледно политичко удварања, тогаш нема ЕДНАКВОСТ…
Ако на верници на една религија не им дозволуваш исполнување на уставно право и организираш целосна државна пропаганда против нивното право на вероисповест, тогаш прекршуваш не само Устав, туку и основни човекови права…
Ако на граѓани атеисти, на граѓани без редовна пракса на вероисповед и на граѓани кои не се чуствуваат како верници им ускратуваш права, кои им ги даваш на граѓани верници (од било која вера) и тогаш нема ЕДНАКВОСТ…
Срамота е ова…
Владата не само што не успеа да се справи со здравствената криза,
ја забрза економската криза,
направи неуставна алхемија и свесно контролира политичка криза,
успеа да создаде и недоверба и криза со различен третман по основ на етничка и верска припадност…
Затоа, под итно или запрете ги сите постапки по основ на вероисповедување, или започнете постапки за сите без разлика на нивната вероисповест…
Си играте со лоши чуства…