Грчката пристанишна полиција објави дека по пожарот од 23 јули, кој избувна во приморски населби во близина на Атина, во морето пронашла уште две тела, со што бројот на жртвите се искачи на 93 лица.
Патролите продолжуваат со потрага по евентуални нови жртви, објави агенцијата „Франс прес“.
Повеќето од жртвите загинале во пожарот што се случи во близина на Атина и се верува дека бил подметнат, а некои се удавиле панично бегајќи во морето.
Властите објавија дека уништени се 1.046 куќи во областа во која се изградени 3.676 објекти.
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вчера ја посети погодената област и ја презеде одговорноста за катастрофата, но не ги доведе во прашање управувањето и акцијата на спасувачките тимови, иако опозицијата и медиумите ги критикуваа недостатоците во координацијата меѓу службите.













![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)


















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-100x70.jpg)

