И Црна Гора доби кинески вакцини: Само нашите “кинески вакцини” ги нема никаде

59

Контингент од 30.000 дози на кинеската вакцина Синофарм пристигна во Црна Гора, пречекани од министерот за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ и амбасадорот на Народна Република Кина во Црна Гора Лиу Џин.

Премиерот Здравко Кривокапиќ рече дека е потребно сите да бидат свесни за важноста од почитување на епидемиолошките мерки, со цел успешно надминување на проблемите предизвикани од пандемијата на корона вирусот.

Инаку, во Црна Гора досега пристигнале 2.000 руски вакцини, како донација од Србија, додека од Русија се набавени уште 5.000 дози.

Постојат 110 илјади луѓе во првите пет приоритетни категории за вакцинација против вирусот корона, објавено е на веб-страницата covidodgovor.me во вторникот.

Поради лошата епидемиолошка состојба, претседателот Мило Ѓукановиќ вчера побара затворање на границите и забрзана имунизација, што го потврдија и експертите на Институтот за јавно здравје.