Граѓанските организации денес организираат собир за спас на Водно

373

Денес со почеток од 10.30 часот на врв на Водно под Милениумскиот крст ќе се одржи настан за спас на Водно. Граѓанскиот организации порачуваат дека Водно не смее да биде жртва на лошата стратегија во секторот на животна средина. 

 

– И покрај десетината средби кои граѓанската иницијатива Го Сакам Водно ги имаше со претставници на Владата, на град Скопје и МЕР, не успеавме да ги разубедиме во намерата за уништување на Водно, сечење на шумата која оди по сртот и уништување на биодиверзитетот со цел изградба на дел од гасоводната траса кон Тетово, Гостивар и Косово, со опасност од формирање на сериозни свлечишта кои ќе го загрозат животот на жителите на селата во подножјето на Водно, велат од иницијативата Спас за Водно.

Поради константното игнорирање на ставовите и барањата на граѓаните, Водно да биде заштитено, тие се принудени да го бранат Водно со сите средства кои како граѓани им стојат на располагање.

Иако, во неколку наврати им докажавме дека податоците со кои располагаат за трасата и штетата која ќе биде причинета на Водно, кое инаку е заштитено подрачје, им се погрешни, како и дека постои и е можна алтернативна траса по северната страна, Владата останува на ставот, Водно да биде жртвата на лошата стратегија во секторот на животната средина, додава организаторот.