Пикси е новиот селектор на Србија

93

Драган Стојковиќ-Пикси официјално е менуван за селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Пикси потпишал три годишен договор, треба да ја предводи Србија до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Легендарниот фудбалер, денес го слави 56 роденден и на промоцијата реколд дека подобар подарок не можел да добие.

„Знам каква е одговорноста, но во исто време верувам во мојот и во квалитетите на моите соработници. Верувам и во големиот потенцијал со кој располага репрезентацијата. Исто така ја чувствувам поддршката и од јавноста, која ќе ни биде потребна за да ги оствариме нашите цели. Квалификациите ќе започнат за три недели, започнавме со подготовките, ги анализираме противниците. Првите два противника се исклучително тешки, реално тие се нашите главни ривали за првите две места во групата“, рекол Стојковиќ.

Поранешниот тренер на Нагоја и Гвангжу, ќе дебитира на 24.март против Република Ирска, три дена подоцна Србија ќе игра против Португалија, а на 30.март ќе гостува во Азербејџан.

Пикси на селекторската функција го наследи Љубиша Тумбаковиќ, кој доби отказ откако не успеа да избори пласман на Европското првенство.