Хороскоп до крајот на октомври: Ќе мораме да одлучиме дали ќе го слушаме срцето или разумот

103
Woman with eyes closed sitting in meadow.

Венера е планета на љубовта и изобилството, па така во последните 10 денови од октомври таа ни носи магични работи. Од друга страна, го имаме ретроградниот Меркур кој носи хаос во нашите животи.

До крајот на октомври Венера прави поволни аспекти со Јупитер, Плутон и Сатурн. Со оглед на тоа дека таа се наоѓа во знакот Девица, ова е одличен период да се искомуницираат сите недоразбирања, да се поправат односите и комуникацијата со луѓето.

Венера и Јупитер носат топли чувства, популарност, богат социјален живот, удобност, среќа и љубов. Овој аспект значи дека од позиција на заљубеност се придвижуваме и кон вистинска љубов, а за некои хороскопски знаци можен е и заеднички живот или планови за тоа.

Венера и Плутон во својот поволен аспект даваат можност да се изразиме во однос на она што нè мачи во некој однос и тоа на конструктивен начин, без стрес и конфликти. Плутон не ни дава површни разговори, туку само длабоки каде навлегуваме во сржта на проблемите. Ако постоеле одредени нејасностии во некој однос, сега е време тоа конечно да се реши.

Овој аспект носи и фатална љубов и привлечност, силни чувства и возбудлив сексуален живот. Венера и Сатурн носат и цврсти и стабилни врски, лојалност, самоконтрола, поврзување. За да опстои некоја врска, потребен е Сатурн, а тој е тука и можеме да ја искористиме неговата помош.

Венера е планета и на парите, така што овие денови се поволни и за подобрување на овие аспекти.

Сепак, бидете внимателни бидејќи поради ретроградниот Меркур можен е голем стрес, нагли промени во комуникацијата и кавги. Ќе бидеме во конфликт и со самите себеси, а треба да сме особено внимателни во однос на тоа.

Во овој случај, од една страна ја имаме Венера која ни носи поволна комуникација, но и ретрограден Меркур кој има моќ да направи хаос во нашите животи. Тоа значи дека со одредени луѓе ќе можеме лесно да искомуницираме, а со други нагло ќе престанеме.

Во голема мера зависи и тоа дали ќе го слушаме срцето (Венера) или разумот (Меркур).  Секако, препорачуваме во личните односи да го слушаме срцето, а во професионалните разумот.