Бугарија се откажува од рускиот гас!

171

Бугарија нема да го обнови договорот за снабдување со природен гас со руски Газпром поради војната во Украина и ќе разгледува алтернативни испораки и идни заеднички договор со Европската унија за да се избегне недостиг од овој енергент, рекол во саботата заменик премиерот на Бугарија, Асен Василјев.

Оваа балканска држава го добива речиси сиот гас преку десетогодишен договор со Газпром, кој истекува кон крајот на 2022-ра година. Со години ги одложувала проектите за диверзификација на своите извори, вклучувајќи поврзување на гасоводот со соседна Грција и проширување на единственото складиште за гас во земјата. Владата на Бугарија настојува да ги забрза двата проекти поради страв дека војната во Украина би можела да предизвика поголемо нарушување, пишува “Bloomberg”.

„Во оваа ситуација нема шанси да се разговара со Газпром. Разговаравме со Грција и со Турција да ја искористиме постоечката инфраструктура за да ги зголемиле испораките од Азербејџан. Владата се надева дека заедничкиот механизам на Европската унија за снабдување ќе функционира до крајот на летото, што ќе му овозможи на блокот да преговара за пониски цени“, рекол Василјев за националното радио “БНР”.

Војната во Украина веќе ја принудила ЕУ да ја редефинира својата енергетска политика и да бара брзо намалување на зависноста од Русија, нејзиниот најголем снабдувач со енергија. Европската комисија минатата недела изнела план за замена на доставувач за речиси две третини увоз на руски гас оваа година и настојува постепено да ја укине зависноста од сите фосилни горива од Москва до 2027-ма година.

Бугарија нема да праќа воена помош во Украина

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ја отфрлил можноста Софија да прати воена помош за Киев, но рекол дека Бугарија, членка на НАТО, ќе продолжи да пружа хуманитарна помош на Украина.

„Со оглед на тоа дека сме многу блиску до конфликтот, морам да кажам дека не можеме да пратиме воена помош за Украина. Тоа нема да биде можно“, рекол Петков.