Холивудскиот актер Џон Траволта потполно се трансформирал за улогата во филмот “Fanatic”. Доколку успеавте на прв поглед да сфатите дека станува збор за него, тогаш секоја чест.
Во филмот “Fanatic”, Траволта го толкува ликот на Мус, најголемиот обожавател на фиктивната филмска ѕвезда Хантер Данбар, кој е толку опседнат со својот омилен актер што е спремен да направи сè само за да го добие неговиот автограм.

Како и секој добар актер, така и Џон многу темелно му пристапил на ликот. Покрај тоа што изгледа како луд научник во хавајска кошула, од него допира некоја злоба што е одличен визуелен идентитет за потребите на филмот.
Актерот во последните неколку години се повлече од шоу бизнисот по бројните приказни за неговиот приватен живот, децата и партнерките. Особено по смррта на синот Џет, Џон повеќе не бил заинтересиран да комуницира со медиумите бидејќи како што изјави во 2014 година во едно интервју, “неговиот живот повеќе немал смисла и му било потребно долго време за да закрепне”.
