Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледува и усвои барањата за добивање овластувања за набљудување на референдумот 2018 година, поднесени од ТВ Канал 24 – Русија, Амбасада на Република Албанија, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, Национален ромски центар Куманово, Амбасада на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ ОДИХР (дополнување), Фондација за спасување на Земјата (дополнување), Здружение за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ Скопје и ЦИВИЛ – Центар за слобода (доолнување).
На дневниот ред на седницата се и предлог Упатството за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи, предлог Упатство за гласање, како и за важечки и неважечки гласачки ливчиња на Референдум на државно ниво.
Како што е најавено ДИК ќе расправа и по предлог Одлуката за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























