Грција врие: илјадници на улиците, факели, солзавец и камења (ФОТО+ВИДЕО)

342

Грчката полиција употреби синоќа солзавец за да ги разбрка демонстрантите што се собраа пред грчкиот парламент.

Демонстрантите се собраа за да го изразат незадоволството од нацрт-законот со кој се ограничуваат јавните демонстрации.

На плоштадот Синтагма можеа да се видат облаци од чад, а како што пренесува Ројтерс, врз полицијата биле фрлени три гасни бомби.

Полицијата одговори со фрлање солзавец.