Поп-ѕвездата Северина Којиќ (47) го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг за старателството на нивниот син Александар, пишуваат регионалните медиуми.
Судот донесе привремена мерка и во пресудата одлучи детето во иднина да живее со својот татко, српскиот бизнбисмен Милан Поповиќ (54).
– Задоволни сме од пресудата, иако се’ уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се придржува кон привремените мерки – изјавил за 24сата.хр адвокатот на Поповиќ.
Северина ќе може својот син да го гледа само попладне двапати неделно и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















