Градските автобуси со изменет возен ред за претстојните празници

208

Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници  ќе сообраќаат по изменет возен ред. Денеска автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред,а ноќните линии вечерва и утре вечер ќе работат по возен ред како во сабота кон недела. Утре  автобусите преку ден ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека во среда ќе се води по делничен возен ред.

Од 3 јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7 јануари (понеделник) автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.

-Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот. Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на телефонот 3173-224, порачуваат од ЈСП Скопје.

loading...