(Фото) ЕКЗКЛУЗИBHO: Пеплocaн „Туарегот“ и opyжјето од кое се пykaше во Палас

382

Престрелката завчеравечер ја згрози целата македонска јавност, замислете преполн хотел со пет ѕвездички на само 5 километри од центарот на градот изрешетан со повеќе од 30-тина чаури, ова беше сликата која гостите во Александар Палас ја затекна откако ги напуштија своите хотелски соби и пристигнаа во фоајето на хотелот, чаури на сите страни, општа паника, искршени сталка изрешетан инвертар.

 

Од информациите кои ги сподели МВР изутринава дознаваме дека за среќа нема повредени во оружената престрелка, но приказната не завршува тука. За овој свиреп акт сведочи и едно запалено возило. Трагите за напаѓачите водат кон скопско Арачиново во чија близина е пронајдено возилото кое го користеле напаѓачите. Возилото марка „Фолксваген Туарег“ е целосно пеплосано по нападот. Во возилото се пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „Калашников“ со што пристигна потврда за информациите на Инфомакс за какво оружје било користено во претстрелката.

Ваквата постапка на напаѓачите е со цел да се сокријат трагите, односно отпечатоците и ДНК материјалите кои многу веројатно ги имало во возилот, но и на оружјето.