„Градот на гревот“ на старите Римјани: Ова место изобилувало со перверзии, па Бог го потопил

459

Таму своите говори ги пишувал Цицерон, а писателот Вергилиј исто така имал своја резиденција.

„Лас Вегас“ на римското царство, денеска е потопениот град Баја, а ги чува најинтимните тајни на тогашните богати Римјани.

Богатите жители на Рим во текот на викендите оделе во градот за во него да се забавуваат. Моќните државници на плажите на ова место граделе луксузни вили.

Во тие вили богатите Римјани се препуштале на своите најлуди желби. Еден од жителите дури изградил и свој приватен нимфеум – пештера исполнета со мермерни статуи од нимфи, посветени на „земските задоволства“.

Покрај уживањето таму моќните луѓе ги завршувале и своите незаконски работи.

„Многу се зборуваше за спектаклите кои што се поврзани со овој град“, изјавил во една прилика Џон Смут, истражувач кој што со локалните истражувачи го истражувал ова наоѓалиште.

Легендата вели дека Клеопатра таму го чувала својот чамец со кој што побегнала од Египет откако бил убиен тогашниот нејзин љубовник Гај Јулиј Цезар, а дека Јулија Агрипина баш таму ја создала заверата против својот сопруг Клаудиј за нејзиниот син Нерон да стане цар на Рим.

Пред повеќе од 2.000 години, градот бил „Лас Вегас“ на Римското царство – одморалиште оддалечено на околу 30 километри од Везув на западното крајбрежје на Италија.

Таму имало многубројни вулкански кратери кои што биле исполнети со жешка вода поради што Римјаните ги нарекувале „Огнено поле“. Старите Римјани нив ги сметале и почитувале како „влез во подземјето“.

Вулканските активности на тој град му донеле слава, но и исчезнување. Во текот на неколкуте векови, постепеното издигнување и спуштање на Земјината површина предизвикале хидротермална и сеизмичка активност која што предизвикала потопување на градот.

Италијанците дури во 60-те години од 20 век спуштиле подморници за да го истражат ова необично археолошко наоѓалиште, а за заштитено подрачје е прогласено во 2002-та година.