Постојат хороскопски знаци кои на почетокот навистина добро функционираат како тандем. Меѓутоа, иако некое време делуваат како совршена двојка, одненадеж љубовта едноставно исчезнува.
Има секогаш исклучоци, кои наспроти прогнозите на астролозите, сепак успеваат да останат заедно. Но, тие се категорични дека четиринаесет зодијачки комбинации ќе поминат низ големо искушение во нивниот однос, бидејќи не си одговараат карактерно.
Првин се чини дека одлично им оди, како и дека се создадени еден за друг, а покасно на површина излегуваат ненадминливите разлики, кои обично доведуваат до пропаст на она што еднаш изгледало како нераскинливо. Затоа и повеќе боли.
Ова се астро паровите чија врска почнува страсно, а на крајот завршува страшно:
1. Овен и Рак
Почетната фаза на заљубеност е многу интензивна, па двајцата имаат исклучително страствена врска. Но, како што одминуваат месеците или годините, жарта меѓу нив се гаси.
Раковите по некое време стануваат претерано сензибилни во очите на темпераментните Овни. На крајот сфаќаат дека тие не се еден за друг.
2. Бик и Водолија
На прв поглед се чини дека односот меѓу овие два хороскопски знаци е совршен. Меѓутоа, како Биковите, така и Водолиите, се мошне тврдоглави личности.
Тешко им паѓа да прават компромиси и ретко можат да се договорат еден со друг. Ова е препреката што им стои на патот кон долготрајна врска.
3. Близнаци и Рак
Иако се навистина чудна комбинација, неретко се случува да се вљубат. На почетокот врската им делува идилично, ама подоцна се покажуваат различните карактерни црти.
Раковите се исклучително чувствителни, додека Близнаците познати по својата крутост. А, тие две особини едноставно не одат заедно.
4. Рак и Водолија
Ниту Водолиите нема да издржат долго во врска со прекумерно сензитивни партнери, па Раковите никогаш не ќе можат доволно да им се приближат. Затоа по кратката фаза на вљубеност, нивниот однос набрзо доживува пропаст.
5. Лав и Бик
И двата хороскопски знаци имаат силни карактери. На почетокот врската им е изразено темпераментна и страствена, но со одреден рок на траење. После неколку месеци или години, различните интереси и потреби ќе доведат до нагол прекин на односот меѓу нив.
6. Девица и Лав
Наспроти фактот што едниот е земјен, а другиот огнен знак, врската на почеток може да им биде сосема добра. Девиците ги привлекуваат Лавовите, ама нема долготрајно да бидат среќни со нив. Тие просто не се компатибилни како двојка.
Мирниот и внимателен карактер на првите е во конфликт со самоувереноста и доминантноста на вторите.
7. Девица и Близнаци
Девиците се склони постојано да ги анализираат нештата, а ова воопшто не им одговара на Близнаците, на кои тешко им е да донесуваат одлуки, односно да внесат ред во сопствениот живот.
Како емотивни партнери се тотална спротивност еден на друг, па голема е веројатноста и нивната врска да доживее несреќен завршеток.
8. Вага и Јарец
Бидејќи и двата хороскопски знаци се спремни на компромиси, ним врската може да им функционира хармонично извесен период.
Меѓутоа, по некое време, Вагите кои се потпираат на чувствата и пеперутките во стомакот, повеќе нема да им одговараат на студените и прагматични Јарци.
9. Скорпија и Овен
Врската меѓу Скорпиите и Овните е подеднакво страствена и романтична. Но, така е само на почетокот, за во еден момент ненадејно да престане сета магија.
Тие честопати ќе се расправаат и непотребно полемизираат, затоа што едноставно имаат противречни карактери.
10. Стрелец и Јарец
Двата хороскопски знаци ќе се соочат со констатни подеми и падови во врската. Првин им оди добро, а потоа лошо. Јарците се премногу рационални и нефлексибилни за спонтаните и неоптоварени Стрелци.
Ретко имаат исто мислење, што не е погодно за релација на долги патеки.
11. Јарец и Близнаци
Ниту оваа комбинација не е идеална, иако двајцата на почетокот имаат впечаток дека се создадени еден за друг. Ситуацијата драстично се менува со текот на времето.
Близнаците се непредвидливи и подготвени на ризици, за разлика од приземјените Јарци кои фанатично бараат сигурност.
12. Водолија и Скорпија
Тие се партнери кои честопати започнуваат врска, иако имаат сосема различни погледи на животот. Меѓутоа, за Водолиите ќе претставува ужасно тежок предизвик да ја прифатат од ден во ден филозофијата по која се водат Скорпиите.
13. Риби и Лав
Рибите се романтични и емотивни души. Од друга страна, Лавовите се изразено доминатни. Колку и да не го прават тоа намерно, сепак пречесто ќе им ги повредуваат чувствата.
Затоа и тие не си одговараат кога се заедно во љубовна врска.
14. Риби и Близнаци
На почетокот е голема привлечноста меѓу овие два хороскопски знаци. Изгледат заљубени, страствени и романтични еден кон друг. Меѓутоа, Близнаците не се во состојба долго да ја поднесат сензибилноста на партнерите.
А, ова е нешто преку кое Рибите едноставно не ќе можат да преминат.