Град Скопје интeнзивно работи на документацијата за изградба на трамвај

170

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, 2019 година ја започна со подготовка и обезбедување на документацијата потребна за изградба на долгонајавуваниот трамвај во Скопје, кој скопјание со нетрпение го чекаат со надеж дека ќе го реши сообраќајниот хаос кој веќе неколку години е еден од клучните проблеми во метрополата.

Како што информира Шилегов, до февруари ќе се дефинираат средствата потребни за реализација на овој голем проект, а набрзо потоа ќе се изработи и студија за промена на постоечките автобуските линии по кои ќе се движи трамвајот, откако ќе биде пуштен во употреба.

Според планот на сообраќајниот проект, трасата на трамвајот ќе започнува од кружниот тек кај Порта Влае, ќе се движи по Партизански одреди, потоа преку Рекорд и Собранието на Република Македонија, во близина на зградата на Црвен крст, кон Комплексот банки и Железничката станица, по булеварот Јане Сандански до Ново Лисиче.  

Според овој план, центарот на градот и неколку клучни булевари во Скопје нема да бидат дозволени за возила, освен за самиот трамвај и за градските автобуси.

Ги прашавме и граѓаните, дали според нив со изградбата на трасата за трамвајот ќе се реши проблемот со хаосот во сообраќајот. Дел од нив веруваат дека ова ќе биде успешен проект, додека останатите сметаат дека не смее да се запре крвотокот во Центар бидејќи околните улици немаат капацитет да ги издржат илјадниците автомобили кои би се пренасочиле по нив.

Изградбата на трамвајот се очекува да започне во втората половина на 2019 година, и да заврши во 2021 година.

loading...