Дека вистинската љубов и во време на пандемија од корона вирусот доажа на виделина покажа Марија, читателка на италијанскиот весник „Corriere della Sera“. Приказната за оваа жена е доказ дека во несреќата се препознаваат вистинските вредности.
„Јас сум жена од 40 години, среќно мажен, верна партнерка со сигурна работа. Симислите ова е идилична брачна приказна ама не е така. Веќе пет години го изневерувам мажот со два пати помлад дечко. Правам се за да си признам себе си дека тоа што го правам не е во ред, но нешто секогаш ме влече назад. Свесна за својата грешка веќе со години се обидувам да ја раскинам врската, која би можела да ми уништи се што со години го градев со својот сопруг и деца, но тоа никако не ми појде од рака, напишала таа.
Но, она што таа не успеала, успеал корона вирусот. Тој променил се во нејзиниот живот. Сфатила што навистина е важно во нејзиниот живот, а тоа секако се нејзиниот маж и деца, па одлучила да стави крај на се од минатото.
“Овој вирус ме научи да ги почитувам работите кои едно време од својот живот ги запоставував. Мојата петгодишна авантура беше голема грешка, поради која сега се чувствувам многу лошо. Не бев во состојба да сфатам кои ми се вистинските вредности во животот, едноставно бев заслепена, објаснила таа.