Голема прослава во семејството Карлеуша – Тошиќ – Душко се врати од Кина специјално за овој повод

1074

Популарната пејачка Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил сподели среќни вести поврзани со своето семејство.

Веќе сите знаат дека ќерките на Карлеуша се многу талентирани и успешни девојчиња за својата возраст, а често ги споделува и нивните успеси со фановите.

Вчера една од нејзините две ќерки успешно го заврши училиштето и зема сведителство, а пејачката веднаш се пофали со нејзиниот успех на социјалните мрежи.

Имено помладата ќерка Ника Тошиќ ја заврши годината, а Карлеуша и порача дека по ова следува и подарок за неа.

Инаку за овој успех на ќерката прославува и нејзиниот татко Душко Тошиќ кој неодамна се врати од Кина.