„Го сакам, не си одам“: Денешните родители се слуги на своите разгалени деца!

208

Интересна е глетката низ градот кога ќе забележите како мајка или татко шета тригодишно дете облечно по последната мода, и задолжително пред него има мобилен или таблет со пуштен цртан или музика. Па ако не му е по ќеив следи врескање, тркалање..

Иста е сликата по маркетите каде детето ако не го добие она што го посакува почнува да вика на глас: „Го сакам, купи ми го, не си одма додека не го добијам“…Додека родителот во срам пропаѓа..детето се обидува на било каков начин да го добие тоа што го наумило, има случаеви каде родителот добива и по некој удар, клоца…

Се сеќавам ако мајка ми викнеше од  дома…Ивана, не смеев да помислам да и вратам: „Кажи, што е мамо, не можам сега играм…затоа што кога ќе дојдев дома ќе добиев шамар ама од оние за освестување, за да сфатам и научам кој е родителот во фамилија и како се почитува.

Во денешниот натпревар стресот води уште од самиот почеток.Реално ние ги учиме нашите деца да бидат под стрес. Детето и понатаму е дете. Знае што живее!

Јас: готвам, перам, одам на работа, шефот повторно зборува, доцнам со отплатата на кредитот, ме притискаат во банката, ме притискаат на работа, ме притискаат дома. Дај дете, пушти ги цртаните! Уживај! Еве и тато ќе гледа на телефон. Цртани? Да, цртани. Па тогаш во дует или цело семејство гледа цртани.

Хеликоптер-родителството е проблем за многумина од повеќе генерации родители. Иако се чини дека сегашните сѐ повеќе се освестуваат, многу психолози предупредуваат дека само применуваат нова форма, а проблемот останува. Така, обидувајќи се да создадат што подобри услови за растење и за развој на детето, го вклучуваат во толку многу активности, што забораваат дека треба да поминат квалитетно време со него. Така стануваат возачи додека го развозуваат детето на јазици, балет, музичка школа, на програма за креативен развој, јавање, часови за брзо учење, спорт….

Стручњаците предупредуваат дека премногу надгледување на децата, завршување на работите за нив, очекувањето да ги водите сите битки на вашите деца, се рецепт за пропаст. Сите родители би требало да го знаат следното:Запомнете: еден ден вашето дете ќе мора да знае да се снајде и без вас.Децата се учат на снаодливост и самодоверба такашто се фаќаат во костец со проблемите – сами. Постојат ситуации кои вашето дете може да ги совлада и без вас. Помошта не е секогаш корисна. Понекогаш таа им ја скратува на децата можноста да најдат свој стил на решавање на проблемите.

Најцврстите дрвја растат на најсилните ветрови. Ако сте му олеснувале се на своето дете, тоа нема да може да се бори со тешкотиите. Ретко или подобро, никогаш немојте да го правите за детето она што може да го направи само. Лесно е да продолжите да го храните и да го облекувате, но родителите кои ги охрабруваат децата да ги направат овие работи сами, прават најдобро за своите деца.

Прекумерно заштитничките родители мислат дека светот е страшен, небезбеден и непредвидлив, па мора да ја спречат секоја непогодност за детето. Меѓу нив има премногу насочувачки родители, кои сметаат и велат дека најдобро знаат како детето да стигне до успех и тоа мора да постапи како што ќе кажат. Има и т.н. „олеснувачи“. Тоа се родители што сакаат да го олеснат животот на своето дете, од неговото будење, следење на сите активности, грижа дека детето не заборавило нешто, до оние напорни разговори со наставниците околу помошта во пишувањето на домашната задача или можеби целосно пишување на домашната задача за детето.