Полицаецот Анил Кумар спаси патник ко од едниот на другиот перон премина преку пругата додека во моментот пристигнуваше возот.
Се чини дека човекот не обрнуваше премногу внимание, па сосема нормално тргна преку шините, не забележувајќи го возот кој доаѓаше во тој момент.
Храбриот полицаец скокна на шините, го турна и му помогна да се качи на перонот. Спасувајќи го патникот, полицаецот едвај успеа да го спаси и сопствениот живот и да побегне пред возот.
Целата ситуација ја искоментира и индискиот министер за железница, Пијуш Гојал кој го пофали полицаецот кој го спаси патникот од возот во Мумбаи.