Gmail предупреди милиони корисници: „Во инбокс пристигнуваат потенцијално опасни пораки“

230

Во најголема опасност се оние корисници кои што софистицираните малвер содржини не ги откриваат навреме.

„Google“ во последно време многу повеќе се занимава со проблеми кои што се појавуваат на „Chrome“, додека за тоа време корисниците на еден од најпопуларните е-маил сервиси се бори со сериозни компликации кои што во последните денови стануваат почести.

Имено, Gmail веќе подолго време има проблеми со филтерите за пораките, што овозможува потенцијални опасни пораки да стигнат во инбоксот кај корисниците.

„Google“ објави дека проблемот влијае и на глем број корисници, но без оглед на тоа тврди дека сервисот е безбеден, иако проблемите сè уште не се решени.

Спам филтерите сè уште не работат, па сите пораки директно се добиваат во инбокс, што е проблем за многумина поради тоа што не можат да ги заобиколат оние кои што ги препознаваат навреме, како потенцијално опасни, пренесуваат од „Forbes“.

Во најголема опасност се оние корисници кои што софистицираните малвер содржини не ги откиваат навреме, па се препорачува секоја порака добро да се провери пред да се кликне на линкот или пак да се преземе некаква содржина.