Откриена е уште една причина зошто Трамп толку сака да го купи Гренланд и каква улога во тоа има Кина

423

Идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд можеби е само обична фантазија, но САД веќе од поодамна имаат „фрлено око“ на ресурсите на тој остров, посебно на богатите наоѓалишта на ретки метали, пренесува “Financial Times”.

Неодамна американските власти со Гренланд потпишаа меморандум за соработка за вадење на ретки метали кои се користат во технологијата. Американците трагаат по алтернативни извори за снабдување откако од Кина најавија дека би можеле да го ограничат извозот во САД.

Наоѓалиштата на ретките оксиди на Земјината кора на Гренланд се проценуваат на 38,5 милиони тони, а само за споредба, во остатокот од светот има вкупно 120 милиони тони.

Наоѓалиштата на Гренланд содржат неодимиум, прасеодимиум, неодимиум, диспрозиум, тербиум, ураниум и нуспојави на цинк.

Неодимиумот, диспрозиумот и тербиумот се користат како магнети во моторите на електричните автомобили. Батериите на хибридните автомобили содржат лантам кој го употребува и американската армија во системите за ноќно набљудување, додека пак гадолиниумот може да се најде во уредите за магнетна резонанца.

Кина доминира во глобалното производство на 17-те технолошки метали кои се клучни за технолошката индустрија, вклучувајќи ги електричните автомобили и воената технологија. Кинескиот удел во глобалното производство на тие метали е 70%, а во преработката е уште поголем.