Една бремена девојка глумела дека ѝ пукнал воденикот само за да ја види реакцијата на својот сопруг, а снимката веднаш станала хит на социјалните мрежи.
Киндал од САД ја наместила камерата, а потоа зела шише вода, го истурила во своите тренирки и го викнала сопругот на кој му кажала дека ѝ пукнал воденикот. Тој започнал панично да трча низ станот, а во еден момент и паднал, што насмеало многумина.
Шегата на сопругата ја погледнале повеќе од 14 милиони луѓе, а истата добила над 38 илјади споделувања.
“Не се шегувај со тоа”, ѝ кажал сопругот, а таа му одговорила дека сакала да провери дали е спремен.
Дали би ве налутила ваква шега од вашата бремена сопруга?