Објаснила зошто не носи заштитна маска и станала хит на социјалните мрежи: “Од истата причина не носам и гаќички”

807

Со оглед на повторното зголемување на заразени од коронавирус, како во регионот така и во светот, експертите повторно препорачуваат да се носат маски во затворени простории.

И додека многумина ги почитуваат препораките и не влегуваат во градскиот превоз, супермаркетите и другите затворени простори без заштитна маска, има и такви кои и понатаму категорично ги одбиваат. Една од нив е и оваа жена од Флорида која стана апсолутен хит на социјалните мрежи поради нејзината изјава.

“Не сакам да носам маска од истата причина поради која не носам и гаќички – некои делови од телото треба да дишат”, изјавила таа, а видеото на кое се гледа како го кажува тоа масовно се споделува на Твитер.

Во текот на овој настан можеле да се чујат уште некои интересни ставови како тоа дека “маските се дело на ѓаволот кој сака да нѝ го уништи дишниот систем” и дека за сè се виновни, секако, Бил Гејтс и 5G мрежата.