Германија ве чека со отворени врати, нема кој да им работи! Им требаат лимари, водоинсталатери, молери… А платата…

631

Германците поради недостаток на занаетчии веќе долг период имаат дефицит на работна сила. Тие во просек чекаат околу 10 недели за да некој им заврши одредена занаетчиска услуга.

Ситуацијата во Германија во иднина би можела да се влоши, соопштило здружението на германските занаетчии.

Сега има толку многу нарачка, такашто занаетчиите се принудени да ги одбијат сите нови клиенти за да дојдат кај оние редовните муштерии”, вели Ханс-Петер Волсајфер, претседател на германското здружение на занаетчии.

Тој кажал на тоа дека со години премалку млади се одлучувале за образование на некои занаетчиски занимања како водоинсталатори, молери или пак паткетери, така што моментално Германија има сериозен проблем со недостаток на работна сила и стручњаци.

Проблемот би можел значително да се влоши во наредниот период затоа што се очекува голема смена на генерациите во занаетчиските работилници.

“Многумина заминуваат во пензија и стравуваме дека работата ќе нема кој да ја превземе“, објаснува Волсајфер.

“Моментално најмногу недостасуваат лимари, водоинсталатери и монтери на централно греење“, а притоа Волсајфер додаде дека занаетчиите имаат релативно високи примања.

“Мајсторот на водечка функција може месечно да заработи од 3.500 до 5.500 евра бруто плата“, напоменува претседателот на здружението на германски занаетчии.