Фекалиите на хрватското крајбрежје се гледаат и од вселената – шокантната фотографијата од мапата на Гугл ги разбесни луѓето

48

Загадувањето на Јадранот со фекалиите добило толку големи размери што неодамна од Водњан и Истра забележани се дури и фотографии од вселената на кои сето тоа може да се забележи.

Експертите се согласуваат дека “дамките“ кои се гледаат од сателитските снимки на мапата на Гугл во подрачјето недалеку од канализацискиот одвод кај Водњан најверојатно потекнуваат од фекалиите.

Тие се забележуваат на подрачјето околу Перој во Истра на околу 4 километри од Фажане и нешто помалку северно од Бриони. Проблемот е посебно алармантен затоа што фекалиите наводно се шират кон Националниот парк Бриони.

Шефот на канцеларијата, градоначалникот на Водњан, Филип Мацен објаснил дека системот за одвод и прочистување на отпадните води на подрачјето на градот Водњан го управува јавното трговско друштво „Прагранде“.

Исто така тој истакнал дека тој систем на одвод и прочистување на отпадните води не се користи конкретно за потребите на корисниците на подрачјето на градот Водњан туку и за поширокото подрачје кое територијално го опфаќа и подрачјето на населбата Штињан кај градот Пула и општината Фажане.

Од управата на „Прагранде“ објасниле дека проблемот не е во нив туку дека доаѓа од застарениот систем од 1980-те. Тие најавуваат дека наредната година че почнат со изградба на нов систем кој би требало да биде поквалитетно решение.

loading...