ГАФ на докторот стана ХИТ: Им се заблагодарувам на новинарите што на сите им донесоа дома коронавирус

608

Директорот на Универзитетскиот Клинички центар на Ребублика Српска, Владо Чајиќ, се здоби со неочекувана слава на социјалните мрежи поради гафот што го кажа додека се обраќаше пред новинарите.

Имено, по посетата заедно со Милорад  Додиќна објектите во Старата хирургија во Бања Лука, тој се обрати до печатот со необична благодарност.

Иако Чајиќ сакаше да им се заблагодари на медиумите за пренесување на информации, поради несмасниот начин на кој тој се изрази, се покажа дека новинарите ја шират инфекцијата низ домовите.

Чајиќ и членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додиќ, ги посетија објектите на „Стара хирургија“ во Бања Лука, каде е во тек завршна работа за реновирање на простории наменети исклучиво за лекување и нега на пациенти со новиот коронавирус.

По завршувањето на работата, во Стариот хируршки круг, УКЦ РС ќе има на располагање 400 кревети, два оперативни сали и можност за поврзување со околу 50 респиратори, јавуваат медиумите од БиХ.