Постигнат е цензус: Македонија денес ќе добие претседател – бојкотот не успеа!

406

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412  гласачи. Овој податок го пласираше ДИК од податоците пристигнати од 2040 избирачки места.

ДИК информира дека излезноста е 42,32 %, што значи дека е постигнат цензус.

Македонскиот народ масовно излезе денес да го оствари своето право на глас. Не успеа бојкотот кој го заговараа, организираа и реализираа дел од партиите на власт.

Правото на глас македонските граѓани можат да го остварат денес до 19 часот.

-Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66,47% , а најмала излезност има во Липково со 6,48%, информира Александар Дашевски, претседател на ДИК.