Фудбалерот на Ајакс ја шокираше јавноста: “Кога сте фудбалер, сè што треба да направите е да ѝ пишете “здраво” и ваша е”

0
200

Фудбалерите на Ајакс го изненадија Јувентус на својот терен во првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите – тие на свој терен одиграа 1:1 со повеќекратниот првак на Италија и Стариот континент.

Првата ѕвезда на вечерта беше Давид Нерес кој постигна спектакуларен гол и со тоа го изедначи резултатот уште на стартот од вториот дел од играта. Воедно тоа беше и конечниот резултат на овој дуел, а единствениот гол за гостите од Торино го постигна Кристијано Роналдо.

Нерес и пред овој гол беше во центарот на фудбалската јавност, како поради своите игри, така и поради легендарните изјави за начинот на кој ја освоил својата сегашна девојка Кира Винона.

Имено, како што и самиот изјавил, тој ѝ испратил порака на Инстаграм и тоа било доволно.

“Кога си фудбалер, доволно е некогаш да напишете само “здраво”, вели играчот на Ајакс.

Пошироката јавност го памети по скандалот во репрезентацијата на Бразил, односно за познатата приказна дека малку фалело да го пропушти настапот во националниот дрес. Имено, Бразилецот од непознати причини не одговарал на повиците на својот телефон, а еден од нив бил и од селекторот на репрезентацијата. За среќа, неколку дена подоцна успеале да го најдат Нерес и овој талентиран фудбалер го одиграл мечот за националниот тим.

Давид во 2017 година премина од Сао Пауло во редовите на Ајакс, а за репрезентацијата на Кариоките одигра само еден натпревар на 26-ти март оваа година. Според зборовите на многумина, најзаслужна за добрите партии на Бразилецот е токму неговата девојка Кира Винона. Со што Кира располага, можете да погледнете и од нејзиниот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

#goldenhour 🌅

A post shared by K I R A W I N O N A (@kirawinona) on

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here