Научниците кои работат во рускиот институт Гамалеј и кои ја направија првата вакцина во светот против вирусот корона, се обидуваат да ги купат, изјави директорот на Институтот, Александар Гинцбург.
Тие се обидуваат да ги купат, но нема да успеат, рече тој за телевизијата Русија 1.
Според него, тимот научници работат во Институтот веќе десет години.
Секој американски и европски институт би завидувал на овој состав на научници, додаде Гунцбург.
Минатата недела Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на новата инфекција со коронавирус ковид 19, што ја направи Научниот институт Гамалеј заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.
Во таа прилика, претседателот на Русија, Владимир Путин, зборуваше и посочи дека вакцината ги поминала сите потребни тестови, како и дека формирала стабилен имунитет.